Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

13-ти ден од барикадите на северот во Косово

Блокирањето на патиштата на северот во Косово продолжува веќе 13 ден. Од саботата, 10 декември, локалните Срби подигнаа барикади во знак на протест поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, за кој властите во Косово велат дека ги организирал нападите врз канцелариите на Централната изборна комисија, пренесуваат косовските медиуми.

Од 6 декември досега се забележани неколку вооружени инциденти во четирите општини на северот на Косово – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Напади имаше и врз косовската полиција.

Во меѓувреме, косовската полиција соопшти дека во вторникот вечерта се слушнале две експлозии во „Бошњак кварт“ и „ Три облакодери“ на северот на Митровица.

За да се грижи за безбедноста на граѓаните во тој дел на Косово, зголемени се и патролите на КФОР и ЕУЛЕКС.

Група српски демонстранти во неделата го пробија првиот кордон на српската полиција, која ги контролираше додека протестираа во близина на границата со Косово, на граничниот пункт во Јариње.

Биле спречени од вториот полициски кордон, кој бил на само неколку метри од контролниот пункт во Јариње.

На границата со Србија се појавија единици на КФОР кои ги зголемија силите за да спречат евентуална ескалација на ситуацијата.

Инаку, КФОР објави некои снимки за време на патролирање на север, каде што се вели дека тоа е направено за да се тестираат нивните способности да продолжат да обезбедуваат безбедна средина.

„Во текот на изминатите неколку дена, мисијата на КФОР предводена од НАТО спроведе серија вежби на северот во Косово за да ги тестира своите способности да продолжи да обезбедува безбедна и слободна средина за движење за сите заедници кои живеат на Косово“, се вели во нивната објава.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново