Грчките медиуми денеска пишуваат дека на средбата Герападритис-Муцунски во Министерството за надворешни работи во Атина, се очекува Грција да изрази загриженост во врска со неуспехот на Северна Македонија целосно да го спроведе Преспанскиот договор од 2018.
Освен ова, грчки „Катимерини“ посочува дека средбата се случува во услови на зголемен притисок од ЕУ врз Македонија да ги почитува обврските поврзани со процесот на пристапување.
„И покрај неодамнешните случаи на соработка – вклучувајќи го и третманот на Грција кон повредените граѓани по смртоносниот пожар во ноќен клуб во Кочани и заедничките операции за гаснење пожари – Атина изрази загриженост поради зголемената употреба на името „Македонија“ без уставниот префикс „Северна“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите на владејачката националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Катимерини.
Грчките претставници, како што пишува овој медиум, се исто така загрижени за изоставувањето на „Северна“ во јавниот дискурс и државните институции, вклучително и спортските федерации. Катимерини потсетува на изјавата на Силјановска-Давкова која рече дека доколку Преспанскиот договор навистина ѝ бил од корист на нејзината земја, таа веќе ќе била членка на ЕУ.
Таа го претставниците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека понатамошниот напредок е попречен од неуспехот на Грција да ратификува три билатерални меморандуми поврзани со договорот.