Албанија ја има најниската минимална плата не само во регионот на Западен Балкан, туку и во цела Европа, покажува најновиот извештај на Евростат.
Заклучно со јуни, бруто минималната месечна плата во Албанија изнесувала 408 евра. За споредба, највисока во регионот е минималната плата во Црна Гора – 670 евра, потоа следуваат Србија со 618 евра и Северна Македонија со 584 евра. Во Босна и Херцеговина, пак, таа варира меѓу 500 и 660 евра, зависно од федерацијата.
Албанската минимална плата не е зголемена од 2023 година, што според „Euronews Albania“ укажува на пад на куповната моќ, особено поради поскапувањето на храната која трошоците ги оптоварува со околу 40% од семејните приходи.
Во рамки на Европската Унија, највисока минимална плата има во Луксембург – 2.700 евра, следен од Германија – 2.160 евра, додека најниската во ЕУ е во Бугарија – 550 евра.