Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија се милитаризира, 2100 резервисти на обука и готовност, според Еуроњуз Албанија

Во албанската армија, која брои 8.500 активни војници, ќе бидат мобилизирани 2.100 резервисти.

-Потребите на времето кои произведоа неизвесност и клима на тензија, по воената инвазија врз Украина од страна на Русија, го насочуваат Министерството за одбрана да ја реорганизира армијата. Во предлог-законот, се бара во резервистите да не бидат вклучени само поранешни војници, туку и цивили. Последниве ќе вршат годишна обука, во траење од 15 до 45 дена, а по посебна наредба и подолго од овој период, јави euronews.al.

Исто така, го утврдува возрасниот праг за оние  што треба да се регрутираат, како и органите и канцелариите што ќе ги мобилизираат овие лица.

-Законот има и значителни финансиски ефекти. Почетниот трошок за активирање, пресметан за 2100 лица, ќе биде во износ од 1,5 милијарди лека, а просечниот трошок за мобилизација за просечна временска рамка од 40 мобилизациски денови годишно ќе биде во износ од 830 милиони лека (1 lek=0,58 македонски денари. Значи, Министерството за одбрана ќе треба  да плати уште 2,3 милијарди лека за резервниот состав на армијата, наведува телевизијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен