Амбасада на САД во Софија: Добредојде Бугарија!

Бугарија

Добредојде Бугарија — заедно ќе работиме на зајакнување на мирот во светот. Ова се наведува во поздравот од амбасадата на САД во Софија откако премиерот Росен Жељазков ја потпиша повелбата за пристапување кон „Советот за мир“, инициран од претседателот Доналд Трамп.

„Го поздравуваме пристапувањето на Бугарија кон Советот за мир заедно со Соединетите Американски Држави и над 20 други земји, обединети под водство на претседателот на Советот — претседателот Доналд Џ. Трамп“, се вели во соопштението.

Исто така, му се оддава признание на министерот за надворешни работи (2010-2013) Николај Младенов за неговата важна улога како висок претставник на Советот за Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен