Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадата на САД во БиХ: Заканата на Додик упатена до Шмит е неуставна

Амбасадата на САД во Сараево денеска соопшти дека заканата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека ќе го спречи високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит да влезе на територијата на РС, е неуставна.

– Ова претставува уште еден намерен напад на господинот Додик врз Дејтонскиот мировен договор, уставниот поредок на БиХ и државата БиХ, соопшти Амбасада на САД на социјалната мрежа Х.

Амбасадата на САД наведува дека Шмит е одговорен за надзор на спроведувањето на цивилните аспекти од Дејтонскиот мировен договор, кој ги обврзува официјалните лица да соработуваат со него, а тој ужива дипломатски статус во цела БиХ според Виенската конвенција за дипломатски односи.

– Непромислените закани на Додик и налудничавите тврдења за статусот и овластувањата на високиот претставник се неприфатливи и претставуваат уште еден чекор на опасниот пат, што тој го избра кон изолација. САД целосно го поддржуваат високиот претставник и неговите овластувањата и ќе продолжат да ги сметаат за одговорни поединците со антидејтонско однесување, се посочува во соопштението на Американската амбасада.

Додик вчера изјави дека од следната недела на Шмит ќе му биде забранет влез во РС. Претседателот на РС наведе дека не го признава Шмит за висок претставник во БиХ бидејќи неговото именување не е потврдено во Советот за безбедност на Обединети нации, како што е предвидено со Дејтонскиот мировен договор. 

Зачлени се на нашиот е-билтен