Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека е подготвена да поднесе оставка од премиерската функција.
Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да биде јасно – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка како претседателка на Владата, а претседателот на Србија тоа го знае и засега одбива. Можеби ќе се предомисли, напиша Брнабиќ на Твитер.
Таа и порача на опозицијата: „Вие сакате избори – нема проблем, ние секогаш сме за избори“.