Млад возач со голема брзина, откако изгубил контрола врз автомобилот влетал во група пешаци, во белградската населба Бањица.
Според српските медиуми, две лица се пренесени во Ургентниот центар, а очевидци за порталот Нова.рс ја опишале целата случка.
„Возачот беше доста млад. Автомобилот се движеше со голема брзина. Возачот на другиот автомобил се обиде да сврти таму, а потоа овој автомобил се најде меѓу нас. Се упати право кон мене, јас избегнав, но удри во друга жена. Таа беше заробена под автомобилот“, рече жената.
На местото на настанот се наоѓаат и припадници на Армијата, бидејќи возачот удрил во оградата на воен објект, пренесува Нова.рс.
Совозачот во автомобилот што се заби во толпата објасни што се случило.
„Друг автомобил правеше полукружно свртување. Мислевме дека ќе поминеме. Тој автомобил се лизна. За да го избегнеме, излетавме од патот. Потоа удривме во тротоарот. Две жени беа повредени, но ние останавме тука. Возачот кој правеше полукружно свртување избега. Мојот пријател е на Военомедицинската академија“, рече младиот човек.

