Белградската полиција уапси две лица – М.А. (56) и З.М. (29) – осомничени за трговија и поседување дрога, објавија српските медиуми.
Апсењето се случило во моментот на купопродажба на дрога во форма на „гумени мечиња“ со различни бои и висока содржина на THC, што претставува нова форма на наркотик во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При претрес, кај З.М. била пронајдена метална кутија со шест „гумени мечиња“, додека во автомобилот на М.А. биле откриени 12 метални кутии со уште вакви бонбони и 36 пакувања марихуана.