Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белградските средношколци се приклучуваат кон протестите, најавени пленуми и бојкот на наставата

Средношколци од повеќе белградски училишта за денеска најавија пленуми и бојкот на наставата во знак на солидарност со студентите кои бараат одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад. Белградските медиуми известуваат дека синоќа професори добиле пораки со покани да присуствуваат на пленумите, каде ќе се разговара за блокада на наставата.

Според весникот Данас, пораките кружат преку Вибер-групи, со поддршка од ученици, родители и наставници. Блокадата е дел од поширока акција, при што студентите веќе ја блокираат работата на факултетите, барајќи одговорност за трагедијата и санкции за оние кои ги нападнаа студентите при оддавањето почит на жртвите.

Пленуми се најавени во Првата, Петтата, Осмата гимназија, Гимназијата „Свети Сава“, училиштето во Обреновац, како и Дванаесеттата гимназија, чијшто матуранти планираат да се приклучат на протестот. Во некои училишта наставата беше прекината уште во петокот, а учениците најавија дека блокадата ќе продолжи и денес.

Зачлени се на нашиот е-билтен