Бугарската новинска агенција БГНЕС во репортажата за „Бугаријаленд“ за природните и историските убавини на Бугарија прашува зошто во овој културно-историски парк ги нема моделите на старите бугарски престолнини Охрид, Плиска и Преслав.
Репортажата за новиот културно-историски парк „Бугаријаленд“ во близина на Правец, ги опишува 50-те историски згради и природни знаменитости од цела Бугарија кои се претставени во минијатурна форма 1 на 25. Тие се наоѓаат во прекрасен парк со вкупна површина од 14 декари во близина на езерото на градот.
Сите модели се изработени со исклучителен квалитет и се доближуваат што е можно поблиску до оригиналот. Макетите се придружени со звуци и интерактивни ефекти.
Меѓу атракциите се спомен-храмот „Свети Александар Невски“, Народното собрание, Унгарскиот коњаник, Народниот театар, железничката станица во Варна, па дури и Градското собрание во Сливен.
Репортерот на БГНЕС препорачува да не се пропушти посебниот дел со замоците на Третото бугарско царство, меѓу кои на прво место се наоѓа замокот „Врана“, по што следуваат Царска Бистрица и Евксиноград, како и замокот во Балчик, кој денес е претворен во ботаничка градина. Исто така, има многу цркви, меѓу нив сјајната катедрала во Варна и Железната црква на Бугарите од Цариград „Свети Стефан“.
Исклучително убави и точни модели поврзани со Втората бугарска држава – Царевец и Асенова тврдина во близина на денешен Асеновград.
Сепак, репортражата завршува со забелешката дека недостасуваат и дека би било добро направат макети и за старите престолнини Плиска, Преслав и Охрид, како што ги именува БГНЕС и завршува со надеж дека и тоа ќе се направи.

