Бјелогрлиќ открива дека постои црна листа на глумци во Србија

Свадба

Популарниот српски глумец, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ на социјалните мрежи објави дека во Србија постои црна листа на глумци кои под своевиден прогон затоа што ја критикуваат власта и владдењето на Александар Вучиќ.

„Знаете каков беше предизвикот? Фактот дека добар дел од нас актерите од Србија кои глумат во овој филм во последните неколку години не можеме да работиме во Србија. На црната листа сме, забранети сме. Потоа отидовме во Хрватска и направивме филм со колегите што ќе го обожава целиот регион, а денес не можеме да го направиме тоа во Србија“, посочува Бјелогрлиќ.

Како што се забележува, оваа изјава на Драган Бјелогрлиќ се поврзува со големиот успех на филмот „Свадба“, по сценарио и во режија на хрватскиот филмски автор Игор Шереги.

Во „Свадба“, во копродукција на Хрватска и Србија, играат врвни глумци од двете земји, а Бјелогрлиќ остварува една од главните улоги.

Сценариото на режисерот Игор Шереги вешто ги испреплетува личните трагедии со политичката сатира, создавајќи приказна која резонира кај широката публика. Дејството се фокусира на неколку клучни елементи кои ги поврсуваат Миљенко Лончариќ, хрватски претприемач кој го толкува Рене Биторајац, соочен со банкрот на својот роденден, неговата ќерка, која студира во Лондон и носи дете на синот на српски министер и Вук Димитријевиќ, ликот на Драган Бјелогрлиќ, кој ја претставува српската политичка елита.

Оваа поставка овозможува филмот да ги истражи темите на идентитетот и лојалноста преку хумор, трансформирајќи го потенцијалниот меѓународен инцидент во топла семејна приказна. Користењето на стереотипите за двете нации служи за нивно деконструирање, што е клучен фактор за неговата популарност.

Во Србија дистрибуцијата започна на 29 јануари и пред кината се формираат долги редици пред кината. Во Хрватска, филмот исто така ги руши сите рекорди.

Досега, 237.059 луѓе го гледале во хрватските кина, а се проценува дека по овој викенд бројот на гледачи би можел да достигне 300.000.

„Свадба“ доаѓа и во Скопје, во Синеплекс ќе се приикажува од 5 февруари.

Зачлени се на нашиот е-билтен