Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блокадата на парламентот една од темите на денешната средба на српската опозиција

Во српското Собрание опозицијата одржува состанок на кој треба да се договорат натамошните чекори за исполнување на барањата истакнати на протестот „Србија против насилството“, а блокада на парламентот е една од темите на кои денеска треба да разговараат претставниците на опозициските партии, јави дописникот на МИА од Белград.

Лидерот на Еколошкото востание, пратеникот Александар Јовановиќ Чута денеска изјави дека „во овие околности Собранието не треба да работи“, наведувајќи дека „тоа е местото каде што се носат закони кои се директно спротивни на животот и интересите на граѓаните на Србија“.

-Опозицијата треба да преземе нешто, да тргне во акција, а не да се врти на улица четири месеци. Тоа го очекува народот од нас. Да ја блокираме работата на овој парламент и да бараме вонредни парламентарни и белградски избори. Да покажеме дека тоа зависи од нас, а не од милоста на Александар Вучиќ, рече Јовановиќ за Нова.рс.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, по повод изјавата на Јовановиќ изјави дека „нема да ги коментира личните ставови на колегите пратеници од опозицијата кои не биле договорени и усвоени на заедничката средба на опозициски пратенички клубови“.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда (СПП) Мариника Тепиќ порача дека денес треба да се договорат некои пресвртници, и изрази надеж дека ќе се постигне некаков консензус.

-Ние од ССП не излеговме со никакви прогнози однапред, претпоставувам дека заеднички ќе се обратиме во среда на редовната прес-конференција за да го најавиме протестот и да ги информираме граѓаните што сме договориле, барем за начинот на организирање на протест, рече Тепиќ денес во собранието за ТВ Н1.

На прашањето дали блокирањето на парламентот е еден од начините за борба, таа кажа:

-И претходните денови тоа беше на маса, бидејќи не може да се однесувате како ништо да не се случило. Не ни е намерата да се бориме против насилството со насилство, сведочите дека го правиме спротивното дури и кога има ехо дека протестите треба да се радикализираат. Но, исто така, насилството што го трпиме овде, не само старорадикалното насилство, туку правното насилство, мора да добие соодветен одговор, рече Тепиќ.

Шефот на Зелено-левиот клуб на пратениците Радомир Лазовиќ, изјави дека блокирањето на работата на парламентот е само една од алатките на опозицијата.

-Ќе се бориме и во институциите и на улиците за да се исполнат барањата на протестите. Граѓаните покажаа голема упорност на протестите и затоа очекувам големи промени, рече Лазовиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен