Боа констрикторот била пронајден под седиштето на отворениот театар „Дора Страту“ во центарот на Атина во неделата наутро.
Луѓето кои минувале покрај театарот во областа Филопапу ја забележале змијата, која предизвикала паника, додека на крајот не била спасена од Здружението за заштита и грижа за дивиот свет (АНИМА).
Змијата била опишана како „ладна и дехидрирана“ од АНИМА, а претставниците нагласија дека ќе ја чуваат змијата додека не закрепне, а потоа ќе и најдат дом.
Како што било потенцирано од АНИМА во објава на социјалните мрежи овој „инцидент“ покренува две прашања кои се повторуваат во повеќе наврати.
Од АНИМА велат: „Луѓето кои купуваат такви животни често не успеваат да се осигураат дека имаат инфраструктура за да ги чуваат безбедни, и второ, собирањето и грижата за таквите животни треба да потпадне под одговорноста на Одделот за урбан животински свет на општината, кој моментално ги смета само кучињата за урбани диви животни. Како резултат на тоа, АНИМА е оставена да ја преземе и оваа должност“.