Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, назначи нови шефови на делегации на ЕУ во 41 земја и организација.
Нови европски дипломати, кои ќе стапат на должност по добивањето на договорот од земјата домаќин, се назначени за повеќе африкански, азиски и латиноамерикански земји, како и за САД, ОН, УНЕСКО, ОЕЦД, АСЕАН, Меѓународната организација на трудот. и Африканската унија.
На списокот на новоименувани шефови на делегации на ЕУ што денеска го објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), се најде и Ева Палатова, која беше назначена за заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во Косово, а на оваа позиција доаѓа од Делегацијата на ЕУ во Канада.
За нов амбасадор на ЕУ во Украина, Борел ја назначи Катарина Матернова, досегашен заменик – генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување во Европската комисија.
Нов евроамбасадор при ОН ќе биде грчкиот дипломат Ставрос Ламбринидис, досегашен евроамбасадор во САД.
Нов амбасадор на ЕУ во САД е Јовита Нелиупшиен која доаѓа од позицијата заменик-шеф на дипломатијата на Литванија.