Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов преку социјалните мрежи му ја честиташе победата на Фридрих Мерц и на сојузот ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија.
Тој порача дека на Европа ѝ треба силна Германија и дека на Бугарија ѝ треба силна Германија да води напред во безбедност и напредок.
На денешните избори во Германија, според излезните анкети, сојузот ЦДУ/ЦСУ освои 29 отсто од гласовите, пред второпласираната крајнодесничкарска АфД со 20. Социјалдемократите на актуелниот канцелар Олаф Шолц имаат 16 отсто од гласовите.
Преговорите за идната влада ќе зависат од тоа дали неолибералната ФДП ќе влезе во Бундестагот. Ако партијата го помине клучниот праг од 5 отсто потребен за влез во Бундестагот, распределбата на местата најверојатно ќе ги спречи и СПД и ЦДУ/ЦСУ да формираат „голема коалиција“.