Брнабиќ ги обвини студентите за тероризам, Вучиќ повика на собир на 12 април

Претседателката на српската Влада, Ана Брнабиќ, ги обвини студентите за планирање на терористички чин поради обидот за блокада на контрола на летовите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Иако студентите објаснија дека блокадата била „внимателно осмислена стратегија“ за откривање на тоа кој неовластено ги снима нивните пленуми, Брнабиќ изјави дека студентите „го претвориле Медицинскиот факултет во место каде се планира сериозна терористичка акција која може да има катастрофални последици“.

„Тие планирале акција која може да доведе до стотици или илјадници жртви“, изјави Брнабиќ, додавајќи дека студентите требало да бидат исклучени од таа акција, како и управата на факултетот.

Србија веќе четири месеци се соочува со политичка и институционална криза, поттикната од протестите на студентите по трагедијата во Нови Сад, кога 16 лица загинаа при пад на надстрешница на железничка станица. Јавноста смета дека властите се одговорни за трагедијата и дека се вмешани во корупциски активности.

Во понеделникот, Заедничкиот консултативен одбор на цивилното општество на ЕУ и Србија усвои декларација во која изразува загриженост за политичката криза во Србија и ја поддржа побарувањата на студентите за правда и функционални институции. Исто така, било осудено насилството врз мирните протестанти.

Студентите кои тргнале од Нови Сад на велосипеди кон Стразбур, преминале повеќе од 144 километри и синоќа пристигнале во Виена, каде биле топло дочекани.

Протестите на студентите, кои траат веќе пет месеци, предизвикале блокади на 60 факултети во Србија, а претседателот Вучиќ ги обвини студентските движења за кочење на економскиот напредок, заканување за странските инвестиции и негативно влијание на туризмот.

Во вторникот, Вучиќ изјави дека Србија не е подложена на терор и страв, но дека државата нема да падне. Тој повика на собир во Белград на 12 април, каде ќе се дефинираат барањата кои ќе бидат во согласност со уставот и волјата на мнозинството.

Блокадите на факултетите започнале по насилството врз студентите од Факултетот за драмски уметности во Белград, кои со молчење им оддавале почит на жртвите од несреќата во Нови Сад, кога загинаа 15 млади лица, а 16. жртва почина на 21 март.

Зачлени се на нашиот е-билтен