Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија го повика својот амбасадор во Македонија на консултации во Софија

Бугарија го повика својот амбасадор во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во Софија.

Причината за неговото привремено враќање во Бугарија, како што јавува БГНЕС повикувајќи се на бугарското МНР, е „сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во јуни 2022 година, трите напади на зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, бруталниот напад на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Северна Македонија“.

„Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“, наведува бугарската информативна агенција БГНЕС.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново