Бугарија наскоро ќе го усвои еврото како своја валута

ЕУ треба да го одобри барањето на Бугарија за усвојување на еврото уште на 1 јануари 2026 година, со што таа ќе стане 21-ва членка на валутната унија на блокот.

По години чекање, неколку функционери изјавија за „Политико“ дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно да го дадат својот „благослов“ во извештај што ќе биде објавен следната среда.

Пристапувањето на Бугарија кон еврото ќе ѝ помогне на земјата да ја зголеми трговијата со остатокот од блокот, да ги намали трансакциските трошоци и да го зајакне своето влијание во Брисел.

„Приклучувањето кон еврото само ќе го зајакне (суверенитетот) на Бугарија – ние ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ“, изјави за „Политико“ Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен вицепремиер.

Со децении, левотот – локалната валута – беше врзан за еврото, но земјата немаше право на глас во одлуките за монетарната политика на ЕЦБ бидејќи не беше членка. Доколку Бугарија се приклучи на единствената валута, како што е планирано во 2026 година, главниот банкар на Бугарија формално ќе заземе место во Управниот совет на ЕЦБ. Но, бидејќи таа ќе биде само 13-та најголема членка на унијата, со помалку од еден процент од нејзиниот бруто домашен производ, нејзиното влијание врз советот ќе биде ограничено.

Сепак, критичарите предупредуваат дека овој потег не е без ризици. Усвојувањето на единствената валута, на пример, би можело да предизвика барем еднократно зголемување на цените – особено погодувајќи ги посиромашните домаќинства во руралните средини – бидејќи бизнисите ја користат предноста на промената.

Постојат стравувања дека инфлацијата би ги погодила основните производи како што е зеленчукот, особено во руралните средини каде што потрошувачите имаат помалку избор.

Признавајќи ги ваквите загрижености, бугарскиот претседател Румен Радев предизвика шок во земјата кога претходно овој месец објави дека сака да одржи национален референдум за одложување на пристапувањето на земјата кон еврото.

Но, Уставниот суд на земјата, кој претходно пресуди дека таквото гласање би било неуставно, веројатно нема да го дозволи тоа.

Најавата на Радевлев е непопуларна и во парламентот, каде што повеќето бугарски партии го поддржуваат усвојувањето на еврото.

Зачлени се на нашиот е-билтен