Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија оди на избори на 2 април

Претседателот на Бугарија Румен Радев пред малку изјави за тамошните медиуми дека на 3 февруари ќе издаде указ за распуштање на Народното собрание и дека ќе закаже избори кои ќе се одржат на 2 април.

Радев не даде повеќе детали, само ги повика политичките партии да работат на намалување на корупцијата во државата.

Бугарското Народно собрание во пет наврати не успеа да даде поддршка на ниту еден од предложените мандатори од страна на Радев, со што државата е управувана од службена влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен