Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарите разбија шверцерски синџир по смртта на 18 мигранти: Уапсени седум лица

Полицијата во Бугарија денеска соопшти дека разбила синџир на шверцери, наводно одговорни за смртта на 18 мигранти во напуштен камион еден ден претходно, и уапси седум лица.

Државниот јавен обвинител Борислав Сарафов во Софија зборуваше за организирана криминална група која собира мигранти на надворешната граница на Европската унија со Турција и ги носи до патот на граничниот премин со Србија.

Бугарската полиција вчера пронајде безживотни тела на 18 мигранти од Авганистан, меѓу кои и едно дете, скриени под дрва и прошверцувани во Турција и Бугарија, а се претпоставува дека се задушиле во напуштен камион во близина на Софија. Останатите 34 лица од камионот се пренесени в болница и се во стабилна состојба.

Бугарското државно обвинителство покрена обвинение против седум лица за трговија со луѓе и смрт на мигранти. Сарафов истакна дека 18 лица починале од недостиг на кислород во затворениот простор и отежнато дишење бидејќи биле затворени како во конзерва.

Криумчарите шверцувале мигранти од турската граница преку Бугарија во Србија, од каде главно оделе во Британија, Германија и Франција.

Поради илегалната миграција, барањето на Бугарија за влез во Шенген зоната беше блокирано од Австрија и Холандија во декември минатата година. Мигрантите често ја преминуваат надворешната граница на Европската унија на необележани премини за да избегнат да бидат регистрирани на официјалните гранични премини

Треба да знаете
Moже да ве интересира