Бугарската полиција уапси над 40 лица на протестот во Софија

Бугарија
EPA/BORISLAV TROSHEV

Над 40 лица беа уапсени за време на вчерашниот протест на опозицијата во главниот град на Бугарија, соопшти Полициската управа во Софија.

Приведените, како што јавуваат бугарските медиуми, се претежно од групите облечени во црно и со качулки.

Вчерашниот протест поминал без инциденти. Во одреден период од протестот луѓе со маски и качулки се обиделе да запалат контејнери, но тензијата била брзо смирена.

Кај приведените биле пронајдени пиротехнички средства, спрејови и маски. Некои од уапсените биле и без лични документи, соопшти полицијата во Софија.

Кај двајца од приведените на контролните пунктови околу протестот во биле пронајдени големи суми пари. Полицијата соопшти дека продолжува со истрагата.

Зачлени се на нашиот е-билтен