Бугарската државна железница (БДЖ) – Патнички превоз, воведe двојна ознака на цената на билетите. Од утре на возните билети цената ќе биде изразена во левови и во евра. Ќе важи за сите хартиени транспортни документи, електронски билети, како и во информациите за цените на официјалната веб-страница на БДЖ до 08.08.2026 година.
Во периодот од 01.01.2026 година, кога Бугарија ќе стапи во еврозоната, до 31.01.2026 година, корисниците ќе можат да вршат плаќања и во лева и во евра. Во текот на овој едномесечен преоден период, при плаќање во готово во лева или евра, кусурот ќе се враќа во евра. По неговото истекување, од 01.02.2026 година, сите плаќања во готово за транспортни документи ќе се вршат само во евра, иако цените ќе продолжат да се прикажуваат во двете валути.
Поради техничка подготовка на системот за резервација и билетирање, планирано е негово привремено прекинување, кога нема да се издаваат патни билети во билетарниците и на онлајн платформата на БДЖ поради ажурирања и прилагодувања на системот. Во овој интервал, патниците ќе можат да купуваат билети директно во возовите од персоналот за транспорт.