Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ципрас ја соопшти програмата на СИРИЗА за „просперитет на општеството“

Минимална плата од 880 евра, зголемување за 10 отсто на платите во јавниот сектор; враќање на 13-та пензија; намалување на ДДВ на прехранбените производи; предвидува, меѓу другото, економската програма на грчката опозициска партија СИРИЗА за „просперитет за сите“, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на партијата Алексис Ципрас синоќа ги презентираше седумте чекори од програмата „Грција 2027“, односно како што рече, „стратешкиот план што ќе овозможи силни јавни политики за да се гарантира социјален просперитет за сите, а не само за моќните и привилегираните“.

Првиот чекор, според Ципрас е обнова на производниот и развојниот модел за фер одржлив и зелен развој, вториот зголемување на приходот, третиот е фокусиран на вработените и правото на работа, четвртиот е нов и силен здравствен систем, петтиот чекор е зајакнување на образовниот систем, шестиот е социјална заштита за сите, а седмиот се однесува на стамбеното прашање.

Во пресрет на изборите на 25 јуни, Ципрас истакна дека граѓаните нема да одлучат само за идната Влада, идниот премиер и составот на Парламентот, туку ќе одлучуваат за самата иднина на државата.

-Не одлучуваме само за тоа кој ќе биде победник, а кој губитник. Одлучуваме кој и како ќе управува со државата во наредните четири години. Односно одлучуваме за нашата иднина и нашите животи, порача Ципрас.

Треба да знаете
Moже да ве интересира