Во Црна Гора денеска се избира претседател на државата. Според анализите ова е момент за забрзување или пауза на политичката проевропска иднина на земјата.
Црна Гора е поделена на два блока – еден што го поддржува проевропскиот став на земјата и другиот што се приклонува кон Русија. Оваа поделба доведе до чести протести во изминатите три години.
Сепак, последните настани во Црна Гора ги направија овие избори уште поклучни.
Во август 2020 година, Демократската партија на социјалистите (ДПС) беше отстранета од власт, а коалицијата на националистички и граѓански настроени партии формираше влада, која оттогаш беше двапати реструктуирана.
Иако Црна Гора ја прогласи својата независност од Србија во 2006 година, таа сè уште се бори да се ослободи од обидите на Србија да влијае на нејзината политика, особено преку Православната црква.
Мило Ѓукановиќ, актуелниот претседател и лидер на ДПС, одигра клучна улога во организирањето на референдумот за независност и се означи како единствен бранител на суверенитетот и прозападниот пат на Црна Гора.
Во претседателската трка, еден од неговите противници е Андрија Мандиќ од евроскептичниот Демократски фронт, партија која отворено се залага за поблиски врски со Русија и Србија.
Според аналитичарот Љубомир Филиповиќ ова не е само битка меѓу Ѓукановиќ и неговите противници, туку борба меѓу две идеологии во Црна Гора.
Филиповиќ ја нагласува контровезрната позиција на досегашиот претседател и кандидат за нов претседателски мандат Мило Ѓукановиќ . Според него, на Ѓукановиќ се гледа како некој кој претставува корупција, организиран криминал, заробени институции и тенденција кон политичка монополизација од една страна, но тој, исто така, нагласува Филиповиќ, претставува спротивставување на оние кои ја доведуваат во прашање независноста и суверенитетот на Црна Гора како нација“.
Третиот фаворит – Јаков Милатовиќ, е млад економист од сè попопуларното движење Европа сега. Неговата партија не беше во парламентот и победа за него може да ги зајакне резултатите на партијата на парламентарните избори кои се закажани на 11 јуни.
Претседателот на владејачките социјалдемократи, Димитар Ковачевски, како дел од социјалистичкото европско полтичко семјство, упати јавна поддршка за кандидатот на Демокрстката социјалистичка партија, Мило Ѓукановиќ.
Поддршка за Ѓукановиќ пристигна и од претседателот на шпанските социјалисти и преимер Педро Санчез.
Пишува: Борјан Јовановски(Нова ТВ)