Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

До крајот на годинава продолжена мерката на грчката Влада „Кошница на домаќинствата“ во супермаркетите

Мерката за справување со инфлацијата и зголемените цени на основните продукти, т.н. „Кошница на домаќинствата“, иницијатива воведена од грчката Влада пред девет месеци, продолжена е до крајот на годинава, информираа од Министерството за развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Додаваат дека освен конкретната иницијатива, се продолжува и мерката за максимална профитна маржа за бизниси кои тргуваат со основни производи за широка потрошувачка и горива со цел да справување со појави на профитерство на сметка на потрошувачите.

„Кошницата на домаќинствата“ на 3 октомври беше воведена во супермаркетите во Грција и предвидува цените на над 50 основни производи од различни категории да останат исти и прифатливи или да има минимално зголемување. 

Најново