Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Додик: Законите за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на БИХ и на високиот претставник Шмит остануваат на сила

 Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека не се откажува од својата политика, а законите за неприфаќање и необјавување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и високиот претставник на меѓународната заедница во БИХ, Кристијан Шмит остануваат на сила.

Тој истакна дека нема да се откаже од својата политика додека, како што наведе, не се исполнат барањата на РС, додавајќи дека тоа им го кажал и на претставниците на пробосанската коалиција „Тројка“ на последната средба на партиите од владејачката коалиција на државно ниво во Сараево.

„Кога дојдовме на состанокот, исклучиво од нас беше побарано да ги повлечеме овие закони. Веднаш реков дека не можеме да разговараме за ова. РС не го укина Уставниот суд на Босна и Херцеговина, но се противи на бизарната процедура. Во 14 приоритети ЕУ бараат да се реши прашањето за Уставниот суд“, изјави Додик за Радио-телевизија РС (РТРС).

Тој изјави дека „не сака да ја објаснува својата стратегија, која многумина не ја разбираат“, оценувајќи дека неговата партија, Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) има редовни консултации со „Тројката“, што претходно не беше случај со Партијата за демократска акција (СДА), додека беше во владејачката коалиција на ниво на БиХ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен