Доналд Трамп доби покана да ја посети Света Гора

Трамп и Вартоломеј
Фотографија од средбата на Вселенскиот патријарх вартоломеј со Доналд Трамп во Белата куќа на 16 септемвру 2025 година

Административниот гувернер на државата Атос, Алкивијадис Стефанис, го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Света Гора.

„Му реков на заменик-државниот секретар на САД да му ја пренесе официјалната покана од Света Гора на претседателот Трамп. Очите му се раширија, но мислам дека беше воодушевен и рече: „Секако, ќе го направам тоа“, изјави Стефанис за радиото Параполитика 90.1, а го пренесе како вест Ортодокс Тајмс.

„Имајќи го предвид односот што претседателот Трамп го изгради со Православната црква – преку посетата на Неговата Светост Вселенскиот патријарх, преку начинот на кој патријархот ја пренесе пораката за Халкиското теолошко училиште, која Трамп веднаш му ја препрати на претседателот Ердоган, и преку неговата средба со архиепископот Елпидофорос, верувам дека тој ја разбира важноста на Света Гора. Убеден сум дека кога ќе ја посети Грција, ќе сака да ја посети и монашката држава.“

Во врска со неодамнешната посета на заменик-државниот секретар на САД, Мајкл Ригас, на Света Гора, Стефанис изјави следново: „Ова е млад човек со визија за иднината на Соединетите Американски Држави. Бев многу задоволен кога открив дека има длабока љубов кон Света Гора, кон Грција и кон верата. Тој е многу религиозен човек, ова беше негова трета посета на Света Гора, иако прва на неговата сегашна позиција. Тој има длабоко познавање на животот на Света Гора, а неговиот пристап не е само пристап на верник-аџија, туку на државен службеник кој ја разбира улогата на Света Гора во рамките на религиозната дипломатија, и ова особено ме израдува.“

Зачлени се на нашиот е-билтен