Драма на небото над Крф – се запали мотор на авион со 273 патници

Драма се случила на лет од грчкиот остров Крф кон Дизелдорф, откако мотор на авион со 273 патници се запалил веднаш по полетувањето.

Повеќето патници биле германски туристи. Инцидентот го забележале туристи на плажите, кои го снимале авионот со своите мобилни телефони. Според сведоци, се слушнал силен и необичен звук, налик на експлозија.

Десниот мотор откажал и се запалил, но пилотите веднаш го исклучиле дотокот на гориво за да спречат поголема катастрофа. Наместо итно приземјување, екипажот одлучил летот да продолжи со еден мотор и авионот бил пренасочен кон Италија, каде што безбедно слетал.

Според официјалните информации, при инцидентот нема повредени патници или членови на екипажот.

Зачлени се на нашиот е-билтен