За време на посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Западен Балкан, доминираат две општи пораки за регионот покрај оние кои се однесуваат на евроинтеграциите на секоја земја од регионот.
Кошта порачува дека „проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во стабилноста, мирот и просперитетот на Западен Балкан и во цела Европа“ и дека проширувањето кон Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија е „задача на ЕУ“.
И како втора порака, тој ја нагласи важноста од одржување добри односи со соседите, особено со оние земји кои веќе се членки на ЕУ.
Кошта, кој е на својата прва турнеја низ земјите-кандидатки од Западен Балкан, го пофали напредокот на Црна Гора во реформите, усогласувањето со политиките на ЕУ, поддршката за Украина и рече дека би било добро Црна Гора да се приклучи на ЕУ дури и пред 2028 година.
Во Белград ја нагласи неопходноста на дијалог со Косово, а во Приштина доминираше истата порака која ја соопшти после невообичаено долгиот состанок со косовската претседателка.
Тој рече дека станувањето 28-ма членка на ЕУ до 2028 година е „добар слоган“, но дека би било значајно доколку тоа се случи порано.
Во однос на проширувањето на ЕУ со земјите од регионот рече дека е клучно е да се одржи пристапот, да се задржи фокусот на целта и да не се забавува напредокот.