Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕК побара истрага за видеото со грчката крајбрежната стража како ги напушта мигрантите во Егејското Море

Европската комисија официјално побара од Грција да започне истрага за извештајот на Тајмс заснован на ексклузивна снимка на која се гледа како крајбрежната стража на земјата ги напушта мигрантите во Егејското Море минатиот месец, пренесува Њу Јорк Тајмс изјава на висок функционер.

Наодите на Тајмс укажуваат на голем број прекршувања на грчкото, меѓународното и правото на Европската унија, но грчките власти досега одбија да го коментираат инцидентот на видеото.

Бродот на крајбрежната стража прикажан на снимката бил платен најмногу од ЕУ средства, факт што исто така може да ја отвори земјата за истраги од страна на властите на ЕУ.

Грчкиот конзервативен премиер Киријакос Мицотакис неодамна ја бранеше својата миграциска политика како „тврда, но праведна“. Неговиот пристап доби „разумна добра волја“ за неговата влада со ЕУ, рече тој.

Блокот, претпазлив да прими повеќе баратели на азил, се потпира на Грција и на неколку други крајбрежни нации за строго да ги чуваат нејзините надворешни граници.

Тајмс ја потврди снимката, направена на грчкиот остров Лезбос на 11 април, користејќи низа алатки, вклучувајќи анализа на метаподатоци и геолокација. Новинарите на Тајмс, исто така, ги следеа мигрантите кои беа вклучени во инцидентот и ги интервјуираа во затвор во приморската Турција минатиот месец.

Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира