Екипа на N1 нападната пред „Чациленд“ – новинарите тврдат дека полицијата не реагирала

Како што објави српската телевизија N1, Екипа на овој медиумденес била нападната пред српското Собрание, во близина на т.н. шаторско население „Чациленд“, кога маж од група што излегувала од кампот се нафрлил врз новинарите, ја скршил камерата и го оштетил стативот. Според N1, полицијата која се наоѓала на околу 20 метри од местото на инцидентот не реагирала и само набљудувала.

Новинарката Маја Николиќ и снимателот Иван Павловиќ биле нападнати околу 14:20 часот додека подготвувале прилог. Полицијата, како што тврди редакцијата, пристигнала дури по 15:40 часот – еден час и дваесет минути по напаѓањето.

Снимателот Павловиќ изјави дека група луѓе минала покрај нив, но еден од мажите се вратил, пријде одзади, ја грабнал камерата и двапати ја фрлил на земја. Напаѓачот потоа побегнал, а полицијата, според Павловиќ, „бавно почнала да се движи кон нив“, без да интервенира.

Новинарката Николиќ сведочеше дека веднаш по нападот побарала помош од полициските службеници. Таа вели дека буквално викала за да ги натера да реагираат, но залудно. „Потресена сум не само како новинар, туку како граѓанка. Живеам во земја каде човек може да ве нападне без страв, пред полиција која ништо не презема,“ рече таа.

Според нејзините зборови, од напаѓачот претходно добиле предупредување да престанат да снимаат и барање да ја исклучат камерата, а кога одговориле дека се на јавна површина и имаат право да снимаат, тој се оддалечил – за кратко потоа да се врати и да ги нападне.

Николиќ вели дека полицијата првично тврдeла оти обвинител донел одлука да не се врши увид, иако отпечатоците од напаѓачот се очекувало да се најдат на скршената камера. Неколку минути подоцна, по промена на одлуката, било најавено дека увид сепак ќе се направи. „Тоа што полицијата не реагираше ни најмалку е застрашувачко. Овде може секому да му се случи било што, а тие да останат пасивни,“ нагласи новинарката.

Таа додаде дека случајни минувачи, меѓу кои и една постара жена, им пријдоа пред полицијата. Жената тврдела дека го препознава напаѓачот и дека го нарекуваат „Влада“. Николиќ истакна дека го запомнила ликот на напаѓачот и дека на полицијата им покажала фотографии добиени од очевидци.

Снимателот Павловиќ додаде: „Можеа и да нè повредат многу потешко, дури и да не убијат – полицијата повторно ќе гледаше“.

Двајцата новинари нагласуваат дека воопшто не се обиделе да влезат во „Чациленд“, ниту пак провоцирале. „Нас не нè напаѓаа затоа што сме рекле нешто – туку затоа што држевме камера,“ рече Николиќ.

Случајот предизвика бројни реакции во јавноста и новинарските здруженија, а како што најавија од N1, ќе продолжат да бараат институционален одговор за неактивноста на полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен