Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Ер Србија“ ќе гради три објекти на аеродромот „Никола Тесла“ ќе има и хотел

Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ планира изградба на административна зграда, хотел и деловен објект во рамките на комплексот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, објави порталот „еКапија“.

Проектот ќе се спроведе во три фази и ќе опфати објекти со вкупна површина од 24.215 квадратни метри.

Во првата фаза е предвидена изградба на административна зграда од 7.985 квадратни метри, која се очекува да биде готова до јуни 2026 година. Во оваа зграда првично ќе бидат вработени околу 480 лица, со можност за зголемување на капацитетот до 620.

Втората фаза вклучува изградба на хотел со 152 двокреветни соби и површина од 8.234 квадратни метри, чија изградба треба да заврши во првиот квартал од 2027 година.

Во последната фаза ќе се гради деловен објект, чија големина ќе биде слична на административната зграда на „Ер Србија“. Завршувањето на оваа фаза е планирано за 2030 година.

Проектот предвидува и 507 паркинг места: 140 за административната зграда, 80 за хотелот и 287 во југоисточниот дел на парцелата.

Зачлени се на нашиот е-билтен