ЕУФОР денеска соопшти дека не добил никакви барања од властите на БиХ и дека не распоредил дополнителен персонал, откако беше објавено дека нивни припадници пристигнале во Мостар.
Секое привремено зголемување на персоналот на ЕУФОР е резултат на годишната и рутинска вежба „Брз одговор 23“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Х (Твитер).
На ентитетската линија на магистралниот пат Мостар – Невесиње денеска во 18 часот ќе се одржи протестен собир поради што 30 минути ќе биде во прекин сообраќајот. Собирот за поддршка на претседателот на Република Српска, Милорад Додик претходно беше забранет пред Судот и Обвинителството на БиХ во Сараево.