Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФОТО: Никој ништо не сака да купува – Продавниците во Хрватска празни

Во цела Хрватска започна бојкот на продавници, трговски ланци и бензински пумпи, а утринските сцени покажуваат дека граѓаните масовно се вклучиле во акцијата.

Полиците се полни, работниците се на своите места, но купувачи речиси и да нема. Вообичаените утрински метежи се заменети со празни продавници, а ретко кој влегува да пазарува.

Оваа иницијатива се роди од пораки кои деновиве масовно се споделуваа на социјалните мрежи:
„24.1. во Хрватска е ден за бојкот против високите цени на храната. Апелираме никој ништо да не купува тој ден. Обезбедете се однапред, како за недела.“

Граѓаните го прифатија повикот, и покрај критиките од економисти и претставници на бизнисот.

„Претприемачите, трговците и економистите тврдат дека бојкотот е погрешен начин за решавање на проблемите, но граѓаните решија да преземат чекор за своја заштита. Сега е на трговците и претприемачите да побараат подобри услови од вистинските адреси, наместо товарот да го префрлаат на потрошувачите преку високи цени,“ гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Состојбата во текот на денот може да се следи во живо ОВДЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен