Генерален штрајк во Србија, протестни акции низ повеќе градови во земјата

Студентите во Србија денеска започнаа генерален штрајк, поддржан од ректорската управа на Универзитетот во Белград, адвокатската комора, синдикати и поголем број иницијативи.

Тие повикаа на блокади и протестни прошетки, како и на широка мобилизација на граѓаните да им дадат поддршка на протестите.

Студентите ги повикаа луѓето да не одат на работа, да не трошат пари и да не посетуваат кафулиња, супермаркети и други јавни места.

Протестите се организирани како борба за одговорност и правда.

Средношколците организираа протестна прошетка во Белград, која ќе започне од Славија во 15:30 часот.

Истовремено, адвокатските комори во Белград, Крагуевац, Ниш и Војводина ја прекинаа работата.

Протестите ќе продолжат и на 15 март со протест во Нови Сад. Прашан за генералниот штрајк што се организира денеска, српскиот претседател рече дека не забележал оти во србија има такво нешто.

Зачлени се на нашиот е-билтен