Георг Георгиев: Не прифаќаме ако Скопјe го заобиколува и преговара за европскиот консензус од јули 2022 година

Георг Георгиев со министрите на Грција, Романија и Хрватска, Фотографија од веб страницата на МНР на Бугарија

Министерот за надворешни работи Георг Георгиев учествуваше на работен појадок на министрите за надворешни работи во квадрилатерален формат (Б4) – Бугарија, Грција, Романија и Хрватска, кој се одржа во рамките на Неделата на високо ниво и Општата дебата на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во соопштениет на бугарското Министерство за надворешни работи се вели дека четирите први дипломати на балканските земји од ЕУ ја разгледаа европската интеграција на нивните шест соседи, кои сè уште се надвор од Унијата, разговараа за поврзаноста и воената мобилност во регионот.

„Проширувањето на ЕУ е природен приоритет за сите нас. Иако нашите национални позиции за поединечни досиеја не секогаш се совпаѓаат, споделуваме заеднички стратешки интереси, што е солидна основа за тесна координација и интеракција во политиката на проширување и поврзаните прашања на агендата на ЕУ“, рекол министерот Георгиев во својот говор, според соопштението.

Шефот на дипломатијата им нагласи и на своите колеги дека почитувањето на едногласноста е клучно за зачувување на интегритетот на процесот на донесување одлуки. „Убеден сум дека имаме заедничко разбирање за важноста на добрососедските односи и почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства како суштински елементи на процесот на проширување.“

Министерот Георгиев, исто така, нагласил дека Бугарија го зеде својот пат за усвојување на Европскиот консензус од јули 2022 година, кој се заснова на човековите права како основна вредност на ЕУ. „Остануваме решени да се придржуваме до него и нема да прифатиме никакви дејствија од страна на Македонија, политички или правни, насочени кон негово заобиколување, повторно преговарање или поткопување. Ќе продолжам да инсистирам другите земји-членки да избегнуваат каква било двосмисленост што би го охрабрила Македонија да продолжи со своите неконструктивни дејствија и изјави.“

Во врска со поврзувањето, Георгиев сподели дека заедно со своите партнери и соседи од ЕУ, Бугарија активно работи на проширување и комплетирање на патната и железничката инфраструктура, енергетската и дигиталната поврзаност со цел проширување на економските, транспортните и енергетските можности на целиот регион.

Форматот Б4 треба да продолжи, бидејќи претставува добар пример за тоа како регионалните формати можат да придонесат за посилна и покоординирана Европска Унија, особено кога, како во случајот со иницијативата Б4, фокусот е на заедничките стратешки приоритети како што се проширувањето и поврзаноста, изјавил министерот Георгиев, како што соопштуваат од бугарското МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен