Георгиев до ЕУ: Нема промена на европскиот консензус, Македонија да ги исполни обврските

Македонија да си ги исполни обврските
Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија

Бугарија изразува растечка загриженост за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија, пишува во писмото на министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев, со кое ги информира своите колеги од земјите-членки на Европската Унија, како и од европските институции, како што тој наведува во писмото, за најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус.

Пакет-договорот одобрен на европско ниво во јули 2022 година останува единствениот можен пат напред за оваа земја-кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и целно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Македонија, им напиша не неговоте колеги од земјите членки на ЕУ Герогиев.

„Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја, како што самиот Европски совет постојано инсистираше“, се потенцира во писмото.

Бугарскиот министер за надворешни работи порачува дека неговата земја „останува на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија“.

„Подготвени да му помогнеме на Македонија да го следи својот европски пат во процесот на реформи, во случај членството во обединета Европа да биде вистински избор на нејзината влада“, пишува во писмото на министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев,до неговите колеги од земјите-членки на Европската Унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен