Ѓоковиќ: Мојата кариера се приближува кон крајот, секој поголем турнир е можеби и последен, луѓето ми даваат голема поддршка

„Секогаш ја чувствувам поддршката која доаѓа од нашиот народ и секогаш сум благодарен на тоа. Некако, поради случувањата во нашата земја но и поради фактот дека можеби мојата кариера се приближува кон крајот, така секој поголем турнир е можеби и последен и така луѓето го чувствуваат тоа и со тоа пружаат се поголема поддршка“, изјави на прес конференцијата Новак Ѓоковиќ, после полуфиналниот меч на Вимблдон кој го загуби со 3:0 од Јаник Синер.

Навистина сум неизмерно благодарен рече Ѓоковиќ на прашањето која е неговата порака за поддршката што ја добиваше претходните денови на Вамблдон, од Србија и од регионот.

За ситуацијата во Србија Ѓоковиќ рече дека стои до луѓето и со младите.

„Тоа го кажав повеќе пати. Мојата порака е поддршка и надеж дека ситуацијата на улиците ќе се смири. Раздорот помеѓу нас самите, меѓу народот е нешто што не може сигурно на долги стази никому да биде од корист. Тоа е нешто што многу ме боли кога ја гледам пошироката слика. Многу насилство има во светот. Сега тоа и кај нас зачести. Сцените се ужасни и не знам што би рекол повеќе. Само поддршка и сочувство“, изјави на прес конференцијата во Лондон Новак Ѓоковиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен