Големи количества хидроген, најчистото гориво, се откриени во Албанија

Булиќиза, град на североистокот на Албанија каде што се откриени огромни количества на хидоген, Doni2020, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Природниот водород има потенцијал да стане една од алатките за надминување на зависноста на човештвото од фосилни горива. Затоа, новите наоѓалишта на овој ресурс не само што отвораат економски можности за одредени земји, туку можат да помогнат и во спречувањето на глобалните климатски промени, пишува Ecoportal.net.

Меѓународен тим истражувачи откри голем природен извор на природен хидроген (водород) во Албанија, мала балканска земја на јадранскиот брег, пишува порталот. Истражувачите објавија детали за откриениот извор на водород во списанието Science. Според извештајот на научниците, подземниот воден басен, сместен на длабочина од 950 метри, годишно ослободува приближно 200 тони природен водород. Ова е 1.000 пати повеќе од другите слични системи откриени од научниците. По анализата на геолошката структура на ова место, научниците пресметале дека потенцијалните резерви на природен водород тука би можеле да бидат помеѓу 5.000 и 50.000 тони.

Како што забележува Ecoportal, ова откритие дава надеж дека природниот водород всушност може да биде многу позастапен на нашата планета отколку што се сметаше претходно. Покрај тоа, неговите примени се бројни. Главната предност на водородот е неговата еколошка припадност. Доколку се користи како гориво, единствените нуспроизводи би биле топлина и вода.

Во моментов, во светот е во тек водородна треска: сè повеќе земји бараат локални извори на водород, забележува Ecoportal. Ова не е случајно. Природниот водород има потенцијал да стане една од алатките за надминување на зависноста на човештвото од фосилни горива. Затоа, новите наоѓалишта на овој ресурс не само што отвораат економски можности за одредени земји, туку можат да помогнат и во запирањето на глобалните климатски промени, резимира Ecoportal.

Зачлени се на нашиот е-билтен