Граничниот премин Евзони на грчката страна попладнево повторно е блокиран за влез на сите видови возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според вонредното соопштение на АМСМ, од 18:40 часот сообраќајот кон Грција преку Евзони е целосно прекинат, додека излезот од земјата функционира исклучиво за тешки товарни возила.
Во изминатите денови, грчки земјоделци со трактори во неколку наврати го блокираа сообраќајот на влезот во Грција, што предизвика застои и пренасочување на возилата кон други гранични премини.
На патниците им се препорачува да ја следат состојбата на граничните премини и, доколку е можно, да користат алтернативни правци.