Грција ѝ го честиташе влезот на Бугарија во еврозоната, Македонија – не. Зошто?

Бугарија

Новиот претседател на Еврогрупата и грчки министер за финансии, Киријакос Пјеракакис, ѝ честиташе на Бугарија за нејзината интеграција во еврозоната од 1 јануари.

Тој рече дека интеграцијата на Бугарија во еврозоната „ја зајакнува нашата заедничка валута и заедничката економска основа на Унијата во многу одлучувачки момент за Европа“.

Многу други земји и европски лидери ѝ го честитаа овој значаен чекор на Бугарија, само од Макединија нема честитки. Се прашуваме зошто? Честитките за успесите, особено на соседните земји треба да биде елементарна основа за добри меѓусоседски односи и за градење доверба и пријателатво.

Но, они, македонските државни функционери си знаат што прават.

Бугарија се приклучи на евровалутната унија на 1 јануари, постигнувајќи цел стара неколку децении.

Еврогрупата е неформално тело кое ги собира министрите од земјите од еврозоната за да дискутираат за прашања поврзани со еврото.

Зачлени се на нашиот е-билтен