Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција и Северна Македонија потпишаа договор за зачувување на ретки византиски фрески од 12. век

Фрескоживописот пронајден во црквата Свети Ѓорѓи во Северна Македонија се редок пример на византиска уметност во балканскиот регион. Владите на Северна Македонија и на Грција, заедно со Европскиот центар за византиски споменици, се договорија да обезбедат зачувување на фреските, објави Евроњуз.

Високо во планините над Преспанското Езеро што ја поврзува Северна Македонија со Грција и Албанија се наоѓа црквата Свети Ѓорѓи од 12. век.

Фрескоживописот пронајден внатре нуди интересни и ретки примери на византиската уметност во балканскиот регион и сочинуваат важен дел од европското културно наследство.

„Според некои научници, првите знаци од предренесансниот период можеме да ги видиме во изразот на светците (но) и во нивната облека“, објаснува Оливера Макриевска од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.

Владите на Северна Македонија и на Грција, заедно со Европскиот центар за византиски споменици, потпишаа договор за заштита и зачувување на фреските.

И тоа е предизвикот со кој се соочуваат тимовите за реставрација од двете земји кои се задолжени за одржување на овие вековни ремек-дела.

„Бојата доаѓа главно од минералите од камењата, зеленчукот, па дури и животните“, истакна Бејбис Апостолидис од Европскиот центар за византиски споменици.

Откако Северна Македонија и Грција го потпишаа договорот од Преспа во 2017 година, билатералните односи мешу двете земји добија на интензитет.

Еден конкретен резултат од ова е заедничкиот проект за зачувување на богатото културно наследство во регионот на Преспанското Езеро чии води ја формираат границата меѓу двете земји.

Треба да знаете
Moже да ве интересира