Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција во 2025 година воведува зголемени туристички такси, за некои хотели ќе биде и 10 евра

Од почетокот на 2025 година, во Грција стапи во сила одлуката за зголемување на туристичките такси, со цел обезбедување средства за подобрување на инфраструктурата и поддршка на одржливиот туризам по серијата природни катастрофи.

Туристите отсега ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, наместо досегашните 0,5 евра, додека во периодот од април до октомври, оваа такса ќе достигне до 8 евра.

За хотели со една и две ѕвезди, таксата се зголемува на 2 евра дневно (наспроти претходните 1,5 евро).

Хотелите со три ѕвезди ќе наплаќаат дополнителни 2 евра, додека за хотелите со четири ѕвезди таксата расте од 7 на 10 евра.

Петѕвездните хотели и вили ќе наплатуваат 10 евра, што е двојно повеќе од досегашните 5 евра.
За сместувања од типот на Airbnb, таксата се зголемува на 2 евра во зимските месеци и на 8 евра во летниот период.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека од оваа мерка се очекува да се соберат 600 милиони евра, кои ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите од климатските промени.

Зачлени се на нашиот е-билтен