Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ѓуриќ: Албин Курти е непожелна личност во политичкиот Вашингтон

 Српскиот амбасадор во САД Марко Ѓуриќ денеска изјави дека премиерот на Косово Албин Курти нема кредибилитет кај добар дел од западната јавност, дека повеќе нема монопол на американската поддршка и дека политички и фактички е непожелна личност во политичкиот Вашингтон, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој истакна дека не забележал дека во претходните месеци некој министер од владата на Косово бил во САД.

-За разлика од тоа, во претходните три недели имавме бизнис форум со премиерката Ана Брнабиќ, како и одлична посета на министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ. Посетата на министерката за наука Јелена Беговиќ, која разговараше за подобрување на научната соработка со САД, заврши вчера, изјави Ѓуриќ на ТВ Хепи.

Ѓуриќ истакна дека многумина во Приштина се нервозни поради српското лобирање во Вашингтон и да во Конгресот минатата недела можело да се слушне поинакво мислење за Косово.

-Беа поставени прашања поврзани со позицијата на Србите, а еден од конгресмените инсистираше да се одговори на прашањето кога американските претставници ќе ги посетат Србите на северот на Косово, како и кога ќе се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), посочи Ѓуриќ.

За санкциите на САД против директорот на БИА, Александар Вулин, Ѓуриќ истакна дека го дели мислењето на српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Србија постапи по ова прашање на транспарентен начин. Побаравме од американската страна да ни ги достави доказите, рече Ѓуриќ и додаде дека српското правосудство е поддржано од УСАИД.

Зборувајќи за српската дијаспора во САД, Ѓуриќ истакна дека таа брои повеќе од милион луѓе.

-Долго време беа во втор план во политичкиот систем на Америка. Денес тоа сакаме да го искористиме за да ги засилиме врските со матицата, изјави Ѓуриќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен