Халкидики „чисти“ плажи: конфискација на нелегални лежалки

Општинските инспектори во Касандра изутринава повторно „прочистија“ дел од првиот крак на Халкидики: без најава, со поддршка од полицијата, ги конфискуваа сите чадори, лежалки, пешкири и душеци што туристите ги оставаат преку ноќ за да си „резервираат“ место на плажите во Полихроно и Калитеа. Слично како лани, импровизираните „приватни парцели“ се натоварија на камион и завршија во општинската станица за рециклирање; предметите не се враќаат на сопствениците.

Од општина Касандра соопштија дека акцијата е дел од засилените контроли за зачувување на јавниот карактер на плажите: „Плажите им припаѓаат на сите – почитувајте го заедничкиот простор“. Инспекциите ќе продолжат долж целото крајбрежје, а најавата за интензивирање е веќе објавена на англиски, германски и српски, целејќи да ги предупредат странските посетители пред шпицот на сезоната.

Зачлени се на нашиот е-билтен