Хаос на белградскиот аеродром: Стопирани полетувањата

ФОТО commons.wikimedia.org

Привремено се прекинати полетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“, откако попладнево дошло до пропуст во задолжителниот проток на патници.

Проблемот се појавил околу 17 часот, поради дефект во работата на една од компаниите задолжени за копнени услуги на аеродромот. Поради ситуацијата, дел од летовите се одложени, а надлежните служби веднаш спроведоа вонредни безбедносни проверки.

Од аеродромот соопштија дека во моментов се врши контрола на сите патници во засегнатата област.

„Безбедноста на патниците и на сите што престојуваат на аеродромот е наш апсолутен приоритет“, наведуваат од „Никола Тесла“, додавајќи дека сите аеродромски служби се координираат со надлежните институции и авиокомпаниите.

Целта е сообраќајот да биде нормализиран во најкус можен рок.

Од белградскиот аеродром им се извинија на патниците поради непријатностите и можните доцнења и ги повикаа да го следат распоредот на летовите во реално време преку официјалната веб-страница или мобилната апликација.

Патниците кои денеска треба да летаат од Белград се советуваат задолжително да го проверат статусот на својот лет пред да тргнат кон аеродромот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?