Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Харадинај бара оставка од премиерот на Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, денеска побара оставка од премиерот на Косово, Албин Курти, по „неуспехот“ на средбата во четвртокот во Брисел со посредниците на ЕУ и претседателот на Србија.

„Ситуацијата што настана по вчерашниот неуспех во Брисел, со тенденција за продлабочување на кризата, со сериозни последици за народот на Косово, бара итно разгледување на (дејствата на) Курти и неговата влада“, рече Харадинај.

Според неговите зборови, премиерот мора да поднесе оставка и да му го врати мандатот на народот, „макар и да мисли дека е на вистинскиот пат“.

„Тој (Курти) е должен да го праша народот што мислат за неговите постапки. Во демократија, изборите се најдобриот одговор“, рече Харадинај.

Лидерот на опозициската АБК додаде дека доколку Курти не поднесе оставка, тогаш ќе биде разрешен со барање за недоверба. 

Зачлени се на нашиот е-билтен