Хеликоптер се урна во морето кај Атина, петмина патници спасени

Хеликоптер се урна денес во морето недалеку од пристаништето Вулијагмени, јужно од грчката престолнина Атина, предизвикувајќи паника кај присутните капачи и посетители. Инцидентот се случил само неколку секунди по полетувањето.

Според грчките медиуми, хеликоптерот прво слетал на хелиодромот во близина на пристаништето, а потоа се обидел повторно да полета, но веднаш по подигнувањето од земја се срушил во морето. Причината за несреќата сè уште не е позната.

На местото на падот брзо реагирале единици на крајбрежната стража, противпожарната служба и итната медицинска помош (EKAB). Порталот protothema.gr објави видео снимки на кои се гледа моментот на падот, проследен со паника на плажата.

Во хеликоптерот имало пет лица – грчки пилот и двајца американски парови кои патувале кон островот Миконос. Според првичните информации, сите петмина се спасени, а четворица од нив се здобиле со полесни повреди, главно модринки, и се пренесени во болница за дополнителни прегледи.

Грчките власти најавија дека ќе спроведат истрага за причините за несреќата.

Зачлени се на нашиот е-билтен