Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил изрази очекување дека на 2 мај во Брисел, на средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на ЕУ, интензивно ќе се разговара за Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека завршетокот на ова пашање е блиску, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србите го чекаа ова долго време, но стигнавме до точка каде што тоа ќе стане многу реално, изјави Хил за ТВ Пинк, додавајќи дека САД веруваат дека ЗСО е клучот за постигнување на нормализација на односите.
Тој рече дека иако постојат тензии во воздухот, постои и чувство дека ова прашање е важно и да ќе се види дека нешто важно се случува.
На прашањето од што во разговорите ќе биде задоволен Вашингтон, Хил рече дека ќе бидат задоволни со формирањето на ЗСО, да се одредат датумите, дека знае да тоа нема да се случи на 3 мај, но дека верува дека ќе се постигне разбирање за она што треба да се направи.
-Штом ќе заврши прашањето за ЗСО, ќе видиме напредок во другите аспекти на нормализацијата, рече Хил, порачувајќи дека сите мора да бидат мирни.
Запрашан за гледиштето на Србија за визната либерализација за Косово како награда, Хил рече дека визната либерализација е одвоен процес, како и кандидатурата за членство во Советот на Европа, но дека ги разбира Србите зошто така се чувствуваат.
Американскиот амбасадор во Белград порача дека Србија ќе биде членка на Европската унија.